Таа уживаше на неодамнешното светско првенство во фудбал, во друштво на спортистите, па воопшто не е изненадувачки што се сетила да си купи еден клуб со фудбалери.
Како што пишуваат медиумите, се работи за еден тим од Велика Британија, а освен тоа сакала да направи и спортска академија на Барбадос.
„Мислевме дека оваа страст и идеја да купи фудбалски клуб ќе и помине. Но, очигледно таа била многу сериозна во намерата“, вели извор, близок на Ријана.
Со оглед на тоа што пејачката е огромен фан на Ливерпул, се појавија гласнини дека вниманието на Ријана е насочено токму таму.