Ријана ја најави својата втора модна колекција (видео)

Пејачката Ријана ги одушеви фановите со својата прва колекција во стилот на деведесеттите, а за брендот „River Island“ веќе спрема нешто ново.

Втората колекција на убавицата од Барбадос е веќе во изработка, а на полиците и во Интернет продавниците ќе се најде на 25 јули, пишува „Vogue“.

„Само сакав да дизајнирам парчиња што сакам да ги носам, на крајот на краиштата и поради тоа почнав да дизајнирам. Поради моментот кога гледав работри кои ми се допаѓаат, но би можеле да бидат повеќе „јас“. Малку пократки или подолги, или помалку и повеќе сексипилни. Сакав да направам облека за „дебелите денови“. Облека која и сама би ја носела. Бев себична. Се надевам дека моите пријатели и луѓе кои купуваат во River Island имаат ист вкус“, објаснила Ријана.

Погледнете го видеото што ја најавува колекцијата

http://youtu.be/FeQFEi7CEeA

- Реклама -