Ријана го прослави роденденот на нејзиниот 85-годишен дедо на Барбадос

Пејачката Ријана (25) објавила фотографии од прославата на роденденот на својот 85-годишен дедо кој е одржан на Барбадос. Пејачката постојано била со својот дедо кој пред две години останал вдовец.

-„Му приредив на Брав роденденска забава во куќата на мајка ми. Ти посакувам уште многу години живот“- напишала Ријана на својот профил на инстаграм.

На фотографијата се гледа како нежно го бакнува својот дедо во образ, како и нивното танцување на забавната музика.

Ријана носеше златен фустан и впечатлив накит, а нејзиниот дедо облечен во бела кошула со златна јака и вратоврска.

1

- Реклама -