Дека Ријана, Снуп Дог, односно Снуп Лајон и Мајлчи Сајрус се големи обожаватели на марихуана, веќе на сите им е познато.
Но дека се толкави почитувачи на оваа дрога… Толкави што го прославија Денот на марихуаната. Секој во свој стил…
Додека сите славевме Велигден со велигденски јајца, други славеле денот на „тревата“ со џоинт.
Ријана прославила носејќи црно проѕирно трико кое ги покрива само брадавиците со листови канабис, во едната рака црна чанта со црвен свет канабис и се разбира „џоинт“ во рака.
Снуп Дог направил илустрација.
А потоа ја сликал и тортата која ја направил од ова растение со роденденска свеќа.
Мајли наместо „џоинт“ во устата, нацртала морков кој гори како „џоинт“. И зајачките уши, алудирајќи на „надувано зајче“.