Пејачката од Барбадос излегла во еден ресторан само во шорцеви, нагрната со долго палто.
Дека Ријана знае како да привлече внимание, тоа е веќе познато. Доволно долго (читајте, еден ден) не направила никаков скандал, па одлучила папараците да ги почести со секси издание.
Всушност, викендов уживала во вечера во еден италијански ресторан во Лос Анџелес.
Со себе носела минијатурна Луј Витон чанта во вид на куферче, тексас кратки панталони и палто.
Се надеваме дека келнерите во ресторанот не побарале таа да го соблече палтото.