Милионерот Ричард Брансон, кој е познат како сопственик на авиокомпанијата Virgin и авантурист кој неколку пати се има обидено да го прелета светот со балон, ќе работи како стјуардеса на лет помеѓу Куала Лумпур и Лондон. Неговата нова професија е последица на загубен облог.

Ричард Брансон, кој оваа година првпат имаше сопствен тим во Формула 1, се обложил со друг дебитант, Тони Фернандес. Предмет на облогот било кој тим ќе биде поуспешен на крајот од нивната прва сезона во Формула 1, Virgin на Брансон или Lotus на Фернандес. Двата тима ја завршија нивната прва сезона без ниту еден поен, но тимот на Фернандес сепак имал подобри пласмани во текот на сезоната.
Губитникот ќе треба да облече пар високи потпетици и ќе работи како „стјуардеса“ на меѓународен лет на авиокомпанијата на противникот. Фернандес изјавил: „Време е Ричард да започне да се подготвува за напорна работа и болката од високите потпетици.“ Датумот на летот, кој трае околу 12 часа, сè уште не е утврден, но седишта на тој лет ќе бидат продадени на аукција, а парите добиени од аукцијата ќе бидат донирани на добротворната организација која ќе ја одбере Брансон. [‘Tea or coffee?’ Richard Branson to dress up as an air hostess and serve passengers on AirAsia flight after losing F1 bet]