Риболов на велосипеди – професија со полно работно време

Кога ќе се спомне Амстердам три работи ни паѓаат на памет – марихуана, лалиња и велосипеди.

Во 40% до 60% од сите патувања во рамките на населеното место се користат велосипедите како превозно средство. Се проценува дека во градот има помеѓу 880 000 и 1 милион точаци, што е повеќе од постојаното население. Во Амстердам, исто така има многу канали -165, со вкупна должина од 100 км, па неизбежно е некои од велосипедите да завршат во нив. Некои 15 000… толку велосипеди се вадат од каналите на градот секоја година.

2(1905) (1)

Всушност, риболовот на велосипеди е професија со полно работно време во градот. Waternet, одговорната агенција за одржување на чистотата на каналите е најслаткиот огромен хидро-уличен пајак кој ги вади велосипедите од каналот. Тој е поврзан со кран, кој што е монтиран во предниот дел на направата. Компанијата се занимава со оваа дејност од 1960 година до денес. Никој нема јасен одговор зошто жителите на Амстердам фрлаат толку многу велосипеди во каналите, но оваа навика датира веќе долги години.

Во 1860 година локалната власт сфаќа дека каналите треба да се чистат и за таа цел избира посебна фирма и верува дека повеќето велосипеди, кои се вадат од водата се или украдени, или се жртва на вандализам. Полицијата на градот има податоци за кражба на помеѓу 50 000 и 80 000 превозни средства на две тркала секоја година. Многу мал дел од овие кривични дела сепак се пријавуваат кај властите, бидејќи локалните сметаат дека полицијата нема да стори ништо по тој повод.

3(1771)

Велосипедите сепак не се единственото нешто што доаѓа во огромните прсти на пајакот. Понекогаш работниците вадат фрижидери, па дури и автомобили. Меѓу 35 до 50 автомобили се наоѓаат во каналите секоја година. Во повеќето случаи, ова е резултат на несреќен случај.

До ден денес риболовот на велосипеди е една уникатна атракција која што градот може да им ја понуди на туристите.

- Реклама -