Риба која користи алат за да отвори проблематична школка била снимена прв пат. Во видеото, снимено во 2009 година крај брегот на островот Палау во Пацификот, шарената риба (Choerodon anchoago) ископува школка од песокот и ја носи до камен по што ја удира од каменот додека да се отвори.
„Животното ископува песок за да дојде до школката потоа плива големо растојание за да најде соодветно место каде што ќе може да ја скрши“ видеографот Џакомо Бернарди, еволуционен биолог од Универзитетот од Калифорнија во Санта Круз, рекол во изјава. „Потребно е многу напредно размислување, бидејќи има голем број потребни чекори. За риба ова е навистина голема работа.“
Користењето алати еднаш беше третирано како талент уникатен за луѓето, но голем број животни користат алати – и не само приматите. Гавраните на пример знаат дека со пуштање камења во чаша вода можат да го подигнат нивото на водата за да стигнат до храната која плови на површината. Некои типови на октопод користат лушпи од кокосови ореви како подвижна заштита.
Рибата која крши школки не е првата риба која била забележана како користи алат. Овој тип на риба биле набљудувани како користат камења како прирачна наковална, но ова е прв случај кој бил снимен. „Не поминуваме многу време под вода набљудувајќи риби“ рекол Бернарди. „Можно е сите припадници на овој вид да го прават ова. Сè се случува многу брзо и би било лесно да се пропушти.“ [Tool-using fish caught for first time on video]