Конечно е најавен режисерот на долгоочекуваниот филм „Хобитот“, а тоа ќе биде истиот човек кој беше одговорен за „Господар на прстените“ – Питер Џексон. Сега вистинските љубители на филмот знаат дека проектот е во сигурни раце и дека успехот е неизбежен.
Конечно е најавен режисерот на долгоочекуваниот филм „Хобитот“, а тоа ќе биде истиот човек кој беше одговорен за „Господар на прстените“ – Питер Џексон. Сега вистинските љубители на филмот знаат дека проектот е во сигурни раце и дека успехот е неизбежен.
Долгоочекуваниот филм „Хобитот“ е навистина голем проект, па не е ни зачудувачки што тој постојано нѐ изненадува со нови вести: прво, дека филмот ќе биде сниман во 3Д, а сега и дека Питер Џексон ќе биде режисерот на двата дела. Џексон, кој е продуцент и сценарист на двата филмови, се согласи да стане и нивни режисер откако Гиљермо дел Торо го напушти проектот претходно.
Но, луѓето кои се доволно запознаени со ова, велат дека Џексон ќе ја прифати улогата на режисер само ако студиото сака да го започне снимањето наскоро.
Првиот дел од „Хобитот“ се очекува да излезе во средината на Декември 2012, а вториот една година подоцна. Џексон изјави дека ќе ги режира филмовите само ако можат да се достигнат закажаните датуми.
Оваа согласност на Џексон дојде по долги месеци преговарања и одложувања помеѓу студијата Warner Brothers и Metro-Goldwyn-Mayer, кои одлучуваа Џексон да ги режира двата дела на „Хобитот“ следната година, според истоимената книга на Ј.Р.Р. Толкин. Студијата исто така се бореа и за сопственоста на насловот („Хобитот“ е во сопственост на двете студија), но најверојатно ќе биде постигнат некој финансиски договор.
Долгоочекуваниот „Хобитот“ е претпродолжение на трилогијата „Господар на прстените“, која заработи 3 милијарди долари ширум светот – дело на куќата New Line Cinema, која сега е во сопственост на Warner Brothers. Кога овој проект првпат почна да се работи, планот беше да се снима во 2Д технологија, но тогаш се појавија „Аватар“, „Алиса во Земјата на чудата“ и „Судирот на Титаните“ по што беше решено и овој проект да биде во таква технологија, иако вистинските фанови го убедуваа Гиљермо дел Торо (тогашниот режисер) да остане на 2Д технологија.
Овој проект е од голема важност на Warner Brothers студиото, бидејќи се при крај со „Хари Потер“ филмовите. Но, ако снимањето не започне наскоро, проектот може да згасне. Бидејќи сопственоста на проектот е поделенa на половина, сѐ уште не е јасно кој ќе го финансира. Се знае дека снимањето ќе биде на Нов Зеланд, од каде што потекнува режисерот. Таму веќе има најава за кастинг на ниски жители, кои би можеле да играат хобити.