Револуционерно: Јапонски научници создадоа холограм што може да се допре

haptoclone_2_720[1]

Тим научници од Јапонија креираа нешто што не очекувавме да се случи во скоро време. Нивниот систем се вика HaptoClone и им овозможува на луѓето да допрат предмети и други луѓе без да се во нивна близина. Со други зборови, сега имаме холограми што можеме да ги допреме.

„Системот има две одделни работни полиња кои виртуелно се во суперимпозиција, оптички и хаптички (сензација на допир)“, велат од Шинода-Макино лабораторијата на Школата за погранични науки при универзитетот во Токио. Со други зборови, во едното работно поле може да се види „одраз“ од објектот во другото работно поле, а кога ќе се посегне да се допре тој „одраз“, преку ултразвучна енергија, се создава сензација на допир.

„Замислете дека сте во зоолошка, а од другата страна на стаклото има лав за кој имате сензација дека го допирате“, појаснува Јасутоши Макино.

Според истражувачите, HaptoClone има моќ да реализира разни телепатски искуства, но има и ограничувања. На пример, не е изводливо да се симулира поздрав со ракување бидејќи ултразвучните нивоа се премногу слаби за да ја креираат таквата сензација на допир – што е мошне очекувано, бидејќи високите ултразвучни нивоа можат да ги оштетат нервите и ткивото. Сепак, возможно е да се „протресе“ раката на другиот или пак благо да се допирате на произволни делови од раката, споделувајќи го хаптичното искуство.

Целта, според професорот Хиројуки Шинода, е да се продолжи со изострување на функцијата на хаптичните сензации и да се унапреди и збогати меѓучовечката комуникација.

- Реклама -