Еластични авионски седишта се на пат да направат револуција кај овој тип на транспорт.
Дизајнирани од француската фирма Zodiac Aerospace, тие создаваат повеќе простор за патниците.
Седиштата се монтираат едно со друго, што е сериозна промена кај поставеноста на авионските седишта досега.
Се смета дека на овој начин се зголемува просторот меѓу патниците за 15 проценти, со тоа што секој човек добива уште 10 сантиметри дополнително место за нозете.