Револуционерна снимка: Вака изгледаат мислите

Јапонски научници за првпат во светот дојдоа до снимка од процесите што се одвиваат во мозокот на животните во моментот на нивното природно однесување.

Досега беше можно мозочната активност да се следи според проценетите примероци на МРИ скенови за да се утврди кога одредени делови од мозокот се „палат“ и „гасат“, но во новото истражување првпат е применета техника при која се снима секоја ситница која се движи на било кој начин, пренесува Telegraph.

Оваа технологија би можела да се употреби за подобро сфаќање на процесот на создавање мисли кај луѓето и животните и подобро би се проучиле абнормалностите поради кои настануваат болестите во мозокот, објаснуваат истражувачите.

[youtube]http://youtu.be/Vo3TchUQM1w[/youtube]

 

„Во иднина ќе може да го објасниме однесувањето на животните, вклучувајќи го учењето, памтењето, стравот, радоста, лутината, а сето тоа базирано на посебни комбинации на активносите на невроните. Освен тоа, ова откритие би можело да го скрати процесот на развивање на нови психијатриски лекови“, рекол Коичи Каваками од јапонскиот Национален институт за генетика.

- Реклама -