За сите оние кои можеби не се толку благословени со убавина, кои не поседуваат богат имот или уште не го преживеале својот миг на слава, има добри вести.
Имено, било спроведено едно мини истражување, во кое неколку учесници биле замолени да наведат работи во секојдневниот живот, кои навистина им носат огромна радост. Резултатите покажале дека среќата е достапна за сите нас, доколку ги цениме малите пријатни случки во секојдневниот живот. Додека го читате ова можеби ќе бидете во подобро расположение отколку во другите денови во неделата. Барем така укажуваат авторите на студијата, кои дошле до заклучок дека во сабота луѓето се будат повеќе позитивни кон животот, бидејќи им претстои викенд.
Друга честа причина човек да се почувствува среќен се сончевите зраци надвор или мирисот на свежо искосена трева. Еве како изгледа листата на 30-те мали моменти во секојдневниот живот на луѓето, кои според истражувањето ги прават најсреќни:
1. Да најдеш банкнота во стари фармерки.
2. Да одиш на одмор.
3. Да си легнеш во испрани чаршафи.
4. Да пливаш во морето.
5. Да се разбудиш во сончев ден.
6. Да седиш на сонце.
7. Да бидеш изненаден со подарок или цвеќе.
8. Да те измасира човекот кој го сакаш.
9. Да те гушне некој.
10. Да добиеш честитка со благодарност по пошта.
11. Да видиш пар возрасни луѓе кои се држат за раце.
12. Да возиш автомобил со отворен прозорец на сончев ден.
13. Да заработиш мала сума.
14. Да си направиш резервација за одмор.
15. Да ја слушнеш омилената песна.
16. Да направиш добра зделка.
17. Да видиш стар пријател.
18. Пикник во парк.
19. Да добиеш унапредување.
20. Романтична ноќ надвор.
21. Песна, која те потсетува на минатото.
22. Да гледаш стари слики.
23. Да се спријателиш со човек.
24. За кратко да останеш сам со себе.
25. Прошетка низ земјата.
26. Да слушнеш како бебе се смее.
27. Да излезеш со момците / девојките, односно со пријатели.
28. Да се разбудиш во сабота и да сфатиш дека е викенд.
29. Чоколадо.
30. Торта.