Ако сте фан на Цезар салатата, овој појадок би требало да ви се допадне.
Состојки:
2 филети од пилешко бело месо
лажичка масло
мала главица марула
2 лажици јогурт
лажица рендан пармезан + неколку листови за декорација.
малку сок од лимон
2 парчиња леб
еден лук
сол, бибер
кубети по желба
Подготовка
1. Пилешкото премачкајте го со маслото, посолете и побиберете по желба, а потоа испржете го за загреано масло по 7 минути, секоја страна.
2 Исмешајте ги јогуртот, ренданиот пармезан, лимуновиот сок, кубетите а потоа додадете лажица ладна вода. Сето тоа заедно измешајте го и зачинете по желба.
3 Потпечете го лепчето како тост, па на едната страна ставете малку од лукот, а остатокот од лукот додатете го во преливот од точка 2.
4. Ставете на лебот зелена салата, па потоа пилекото и прелејте со сос.
Наздравје 🙂