Тенко и крцкав или подебело, меко и домаќинско тесто, не е ни битно, сите едноставно ја обожаваат пицата. Оригинално потекнува од Италија, но прифатена е во исхраната на сите народи во светот. Иако се подготвува по еден ист рецепт во различни делови на планетата таа се подготвува на неколку начини.
Разликата може да биде во тестото или пак во она што се става на неа, може да биде посна и мрсна, вегетаријанска или во изобилство од месо и зеленчук. Ова е наједноставното тесто за пица, речиси без месење и толку меко што се развлекува со раце. Она што е најинтересно е што тестото може секој почетник да го направи и да го развлече без сукало како вистински мајстор.