За да ја направите дома оваа вкусна пица, потребни ви се следниве состојки.
За тесто
3 шолји брашно
1/2 сув квасец
1/2 шолји млака вода
1 лажичка сол
За останиот дел
3 свежи многу зрели домати
1 свежо моцарела сирење
маслиново масло
малку сол
свеж босилек
Како се прави пица Маргарита?
Од подготвените состојки измесете тесто умерено меко, ставете го во пластична фолија и оставете го да отстои во ладилник неколку часа, а може и во текот на целата ноќ. Пред употреба, тестото уште еднаш лесно измесете го на маса ( при тоа додавајте брашно за да не се лепи). Сега направете топка, малку препелкајте ја во брашно и развлечете со сукало. Тестото ставете го во подмачкана тепсија.
За доматот лесно да се излупи ставете го длабок сад, во друг сад добро загрејте вода и ставете ја врз доматите. Почекајте 10-на минути, истурете ја водата, почекајте уште некоја минута за доматот да се олади и излупете го. Сега исечете на ситни парчиња и испасирајте го со виљушка. Ако мислите дека би било идеално да го измиксате во блендер, немојте да го правите тоа. Прво затоа што кралицата Маргаритa и нејзиниот главен готвач немале блендер, а друго, затоа што така можете да го уништите семето на доматот што на пицата ќе и даде малку киселкаст вкус.
Потоа во соодветен сад налејте малку маслиново масло, додадете домат, посолете и продинстајте додека малку не се згусне ( да добие густина на сос). Со овој сос од домат премачкајте ја пицата, горе наредете кришки од моцарела сирење и пицата печете ја во загреана рерна (20-25 минути).
Откако ќе би де испечена и се уште топла, додадете свежи листови на босилек.
Прочитај повеќе: Цезар, Викторија, Маргарита, Бенедикт – луѓето кои стојат зад легендарните јадења