Рецепт за пица-мафини

Пица направена во форма на мафини, сигурно ви звучи чудно, но ве уверуваме дека ова чудесно мезе е соодветно за секакви прилики. Да не зборуваме колку лесно и брзо се подготвува.

1_1447683529

Потребни производи за 12 пица-мафини:

– ⅓ чаша маслиново масло;
– Готово тесто од ролни оставени да се стегнат во фрижидер;
– ½ чаши рендана моцарела;
– ½ чаша пармезан;
– 2 лажици италијански зачин кој можете да го замените со сушен босилек, мајчина душица и ( или) оригано.
– 50 г салама “феферонки”, сецкана на четвртинки. Можете да ја замените со друга зачинета салама.

По желба може да додадете печурки и (или) зелена пиперка.

Начин на приготвување:

1. Исечете го со ножици тестото на мали парчиња.

2. Во голем сад ставете маслиново масло, Моцарела, пермезан, салама и зачини.

3. Добро промешајте. Од добиената смеса обликувајте мали топчиња (мафини), соодветни по големина за калапот.

4. Загрејте ја рерната на 350 степени. Печете 20-25 минути до светло кафена боја.

Ако се уште не сте сигурни за начинот на кој можете да ги приготвите овие лесни пици-мафини,прегледајте го и следното видео.

- Реклама -