Руската салата е вид на салата, која се подготвува од мајонез, варени компири, грашок, морков, кисели краставички, шунка, а некогаш и различни видови на колбаси или пилешко месо.
Оваа салата е позната во многу земји, иако не секогаш под истото име. Во Македонија е позната како „руска салата“, додека во Русија се нарекува „Оливие“ или „француска салата“ (име кое може да се однесува на друг вид салата). Во Франција е позната како „пиемонтска салата“ (но, место грашок содржи домати).
Состојки за руска салата со грашок:
– 250 гр. шунка
– 250 гр. моркови
– 250 гр. компир
– 150 гр. кисели краставички
– 200 гр. грашок
– 3 јајца
– 3-4 кесички мајонез
– сол по вкус
– бибер
Подготовка:
Компирите, грашокот и морковите се варат. Се цедат и се остават да се оладат.
Потоа компирите, морковот, шунката, киселите краставички и јајцата се сецкаат на ситни коцкички, се зачинуваат со сол и бибер, се додава мајонезот и добро се меша.