Супер десерт за да си подготвите викендов.
1,5 шолја брашно, 1 лажичка сода бикарбона, 1 лажичка прашок за пециво, пола лажичка сол, 2 зрели изблендирани банани, ¾ шолји шеќер, 1 изматено јајце, 1/3 шолји масло, 10 лажички чоколаден крем (нутела).
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте ги калапите за мафини или во нив ставете хартија за печење.
Во голем сад измешајте брашно, прашок за пециво, сода бикарбона и сол.
Во помал сад измешајте банани, шеќер, јајца и масло.
Помешајте ги сите состојки и мешајте додека не се соединат сите, а потоа калапите наполнете ги со добиената смеса. Потоа на секоја мафина ставете по лажица чоколадо.
Ставете ги во загреана рерна околу 15-17 минути.