Доколку го подготвувате овој леб за четири лица, потребни ви се следниве состојки:
250 г. брашно
прашок за пециво
4 јајца
2 дл. масло ( по можност од кикирики)
1 дл. суво, бело вино
200 г. зелени маслинки без семки
200 г. шунка
160 г. рендан тврд кашкавал
малку лимонов сок
сол
бибер
Подготовка:
Во чинија, промешајте ги брашното и прашокот за пециво, направете вдлабнатина во средината, додадете го јајцето и добро промешајте со дрвена лажица.
Потоа сипете масло, промешајте, додадете бело вино и сок од лимон, умерено посолете и побиберете и продолжете со мешање додека смесата не стана глатка и хомогена.
Измијте ги зелените маслинки под студена вода, исцедете ги и пресечете ги на половина, по должина.
Исецкајте шунка на коцки, па заедно со маслинките и ренданиот кашкавал додадете во тестото и добро промешајте.
Сипете во подмачкана тепсија и печете во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 60 минути.