За да го подготвите овој рецепт, потребни ви се:
- 3 јајца
- 1шолја масло
- 1 шокла јогурт
- 1шолја шеќер
- 3 шолји брашно
- 1 кесичка прашок за пециво
- 1 кг. кајсии
Подготовка:
1. Изматете ги добро јајцата со шеќерот, па додадете јогурт, масло и брашно и помешајте со пециво. Половина од смесата нанесете ја во тепсија и печете 10 минути на 200 степени.
2. Во меѓувреме подгответе ги кајсиите – измијте ги и исечете на половина.
3 . Секоја половинка од кајсијата, наредете ја на полупеченото тесто.
4. Одозгора сипете го остатокот од тестото и продолжете со печење околу 30 минути, но намалете ја температурата на 180 степени.
5. Испечениот колач, оладете го, па послужете го со шеќер во прав. Колачот сечете го на коцки.