Во потрага на вкусно, тенко и меко тесто за пица наидов на рецептов и се потрудив што побрзо да го пробам.
Резултатот беше одличен, тестото е баш воздушно, меко и крцкаво на краевите и воопшто не е гуместо и жилаво.
Пробајте..
Квасецот се раздробува во топлата вода, се додава шеќерот и се остава 5 минути на топло.
На брашното се додава солта, маслото, кренатиот квасец и постепено се додава топлата вода, се замесува меко тесто кое се остава 30 минути на топло да се дуплива обемот.
Кренатото тесто се дели на два дела и секое топче се расукува во големина на тава или плехот за печење. Јас прво го расукав, а потоа со прсти го развлеков во соодветната големина.
Се филува по желба и се пече во загреана рерна 10 минути на 250Ц.
Послужете топло.
Напомена
Краевите по печењето премачкајте ги со малку млака вода и масло.
МОИ РЕЦЕПТИ