Рецепт: Печени кременадли со круши

Ако сте љубители на кременадли, ви го препорачуваме овој необичен и вкусен рецепт.
Состојки:две кременадли, две круши, чаша сок од портокал, две лажици кафеав шеќер, лажица путер, свеж рузмарин, маслиново масло, сол, бибер.

Начин на подготовка:

Во поголема тава загрејте масло и пржете ги кременадлите од секоја страна, за да се карамелизираат. Префрлете ги во тавче за печење и посолете ги.

Крушите исечете ги на половина и наредете ги околу месото.Во средина ставете путер, прелијте со сок од портокал и кафеав шеќер. На врвот ставете рузмарин, покријте со фолија и печете на 180 степени. Потоа откријте ја фолијата и печете уште 15-20 минути.

- Реклама -