Состојки:
Варени компири – 2 поголеми
Брашно – 300 гр.
Жолчки – 2
Пармезан – 100 гр.
Путер – 40 гр.
Сол – по вкус
Инструкции:
На работна маса претходно сварените компири ги пасираме со помош на цедалка. Во испасираните компири додаваме две жолчки и малку сол и малку мешаме со рака за смесата да се соедини.
Потоа полека почнуваме да го додаваме брашното и продолжуваме да месиме со рака со цел да добиеме убаво мазно тесто. Од готовото тесто формираме топка и ја сечеме на четвртинки кои потоа со рацете ги засукуваме во долги ленти. Ваквите ленти ги сечеме на еднакви перничиња.
Во тенџере на оган ставаме посолена вода да зоврие, па во неа ги додаваме претходно подготвените њоки да се варат околу 5 минути.
Во тава на оган ставаме путер да се растопи и на малку повисока температура ги пропржуваме претходно сварените њоки за да добијат убава златна боја и да станат крцкави однадвор.
Се сервира со рендан пармезан и се разбира, чаша Balans+.
Добар апетит! 🙂