Свесни сме за постоењето на
минијатурните блутут слушалки, но верувајте тоа веќе не е модерно!
Постепено се враќа старата мода, а со неа и ретро слушалките – но
овојпат за мобилните телефони.
Свесни сме за постоењето на минијатурните блутут слушалки, но верувајте тоа веќе не е модерно! Постепено се враќа старата мода, а со неа и ретро слушалките – но овојпат за мобилните телефони.
Ретро хендсетот има вградена слушалка и микрофон, како и посебен приклучок на крајот кој му овозможува да се приклучи кон мобилниот телефон. Работи со скоро сите понови телефони, а достапни се и разновидни варијации на дизајнот и бојата. Доколку сакате да купите една ваква слушалка која ќе биде дел од вашиот нов имиџ, појдете на Ebay каде тие се попознати како Pokia.
За крај, само замислете ја реакцијата на сите оние кои ќе се најдат околу Вас кога ќе заѕвони телефонот:) Бесценето!