Ретки и извонредни локации на планетава снимени од дрон

На прв поглед ќе ви личат на апстрактни уметнички дела, но всушност се фотографии од дрон на браќата Џеј Пи и Мајк Ендрјус од Волверхамптон, Англија.

Серијата е почната во декември 2016-та, а оттогаш фотографското дуо посетило вкупно 8 земји. За тема во своите фотографии одбираат како природни, така и формации/локации направени од човекот. Ќе наидете на фотографии од мочуришта, глечери, црвени реки, песочни насипи во океаните, солени езера, напуштени рудници, гребени, брани, напуштен аеродромски терминал и слично.  Сепак, во прв план е убавината на тоа како сето изгледа видено од птичја перспектива.

Зар не е прекрасно ова мало парче камен што го викаме Земја?

PS. Џеј Пи и Мајк следете ги на следниве линкови: Abstract Aerial Art, Instagram, Facebook.

Прочитајте и:  Меѓунаордна изложба на уметничка фотографија - Фото Салон Куманово
- Реклама -