Болниците не ги асоцираат повеќето луѓе на добра храна, забава или прослави. Но сопствениците на Hospitalis, невообичаениот ресторан во главниот град на Лeтoнија, Рига, се надеваат да го изменат тоа. Посетителите на овој ресторан се опкружени со скелети, болнички кревети и видео екрани на кои се вртат извадоци од медицински филмови.

Двоспратниот ресторан е уреден како операциона сала. Но ако ова опкружување не го исполнува вашито вкус, можете да побарате маса во стоматолошката ординација. Таму можете да уживате во вашиот оброк седејќи во автентичен стоматолошки стол.
Храната во Hospitalis главно се состои од европски специјалитети и салати. Ресторанот има и мало „лудо мени“ на кое има јадења, како еребица полнета со црн дроб, подготвени да изгледаат како нешто извадено за време на операција. За да нарачате од ова мени прво треба да потполните специјален формулар со кој го ослободувате ресторанот од законска одговорност за можни последици.
Иако можете да нарачате нормален оброк во Hospitalis, бидете подготвени да јадете со помош на шприцови, скалпели и друг хируршки прибор. Исто така, пијалаците изгледаат како инфузии, епрувети и слични лабараториски помагала. Неверојатно, но Hospitalis не е единствениот ресторан со болничка тема во светот. Другите два се во Тајпеј и Сингапур, и сите три се основани од пензионирани доктори. Но, Hospitalis, е единствениот ваков ресторан во кој посетителите можат да побараат да бидат сместени во лудачка кошула и да бидат хранети од персоналот.