Знаете ли дека само во два потега и со две клучни состојки можете да ја решите настинката во само два-три дена? Решението се крие во вашата кујна, па време е да го пробате овој едноставен и вкусен рецепт.
Благодетите од медот ни се добро познати, а циметот се смета за еден од најздравите зачини. Сепак, комбинацијата од овие две состојки може да се каже дека е вистинска имунитетска бомба, а помага и при хронична кашлица, умор, настинка и ги чисти синусите.
Состојки:
1. лажица мед
2. лажички цимет во прав
Подготовка:
1. Во децилитар млака вода помешајте го медот и циметот и мешајте се додека не се растопи.
2. Напитокот пијте го два пати дневно, најдобро три дена по ред. Истото можете да го направите и без вода
3. Во шолја помешајте мед и цимет, а доколку ви е полесно направете си количина за неколку дена.