Францускиот архитект Жан-Пјер Худим тврди дека ја решил мистеријата
стара 4.500 години поврзана со градењето на Големата египетска
пирамида. Тој смета дека ова здание почнало да се гради од внатре кон
надвор.
Францускиот архитект Жан-Пјер Худим тврди дека ја решил мистеријата стара 4.500 години поврзана со градењето на Големата египетска пирамида. Тој смета дека ова здание почнало да се гради од внатре кон надвор.
Со помош на компјутерска тридимензионална технологија, Жан-Пјер покажал дека градителите конструирале надворешно скеле за првите 40 метри височина, а потоа и внатрешно спирално скеле, за да се комплетира пирамидата висока 137 метри.
– Ова е подобра теорија од другите бидејќи само таа функционира – изјави Худин.
Тој додал и дека Големата пирамида е дело на старите Египќани, кои имале одлична смисла за совршенство и економија и кои најмногу се потпирале на својата интелигенција.
Кај научниците долго време владееше мистеријата за тоа како Египќаните ги поставиле трите милиони камени блока на Големата пирамида, од кои секој тежи по околу 2,5 тона. Претходните теории сугерирале дека пирамидата во која се наоѓа гробот на фараонот Кеопс била изградена со помош на широка фронтална примитивна дигалка или со скелиња што спирално биле обвиткани околу пирамидата. [Knufu revealed]