Репликатор за храна

РепликаторЅвездени Патеки е една од оние популарни серии кои уште од оригиналното емитување имаат голем број на фанови. Но, оваа серија исто така влијае и врз животите на луѓето кои никогаш немаат погледнато ни една епизода. Па така голем број од направите кои ние ги користиме секојдневно се инспирарни од футуристичката технологија на Ентерпрајз. Мобилни телефони, преносни компјутери, медицински направи а сега и репликатори.

Ѕвездени Патеки е една од оние популарни серии кои уште од оригиналното емитување имаат голем број на фанови. Но, оваа серија исто така влијае и врз животите на луѓето кои никогаш немаат погледнато ни една епизода. Па така голем број од направите кои ние ги користиме секојдневно се инспирарни од футуристичката технологија на Ентерпрајз. Мобилни телефони, преносни компјутери, медицински направи а сега и репликатори.

Репликатор

Овој прототип на Дигитален Печатач на Храна создаден во MIT, ќе ви овозможи целосна контрола на квалитетот, потеклото и хранливата вредност на вашите оброци. Процесот започнува со изборот на одредена состојка со помош на проѕирен екран осетлив на допир. Додека состојките се мешаат, вие ќе можете да го контролирате количеството на калории и јаглехидрати. Откако ќе завршите со овој чекор, состојките ќе бидат измешани за да се добие храната која сте ја одбрале.

репликатор

Храната може да се загрее или олади со помош на елементи за греење и ладење сместени во главата на печатачот. Поради можноста за брзи промени на температурата, оваа направа ќе може да создаде вкусови и текстури кои не можат да се постигнат со класичните методи на готвење. [Create nutritious meals with MIT’s Digital Food Printer]

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите
- Реклама -