Кога се појави на филмското платно Рене Зелвегер ги привлече симпатиите на публиката поради тоа што не беше совршена холивудска ѕвезда, туку шармантна актерка со неодолива насмевка, која со својата природност се одвојуваше од нејзините колешки. Во меѓувреме, ботоксот си го направи своето.
За улогата на дебелката Бриџит Џонс не ѝ беше проблем да се здебели неколку килограми, но како што годините поминуваат на актерката сѐ повеќе ѝ пречат борите, па решила да ги „испегла“ со познатиот холивудски метод – предозирање со ботокс.
На доделувањето на Оскарите се појави во тесен златен фустан, а освен витката фигура го покажа и затегнатото лице. Рене толку многу претерала со ботоксот што повеќе не може да се насмее како што треба.