Рекорден број мигранти синоќа влегле во Словенија

Најмалку 12 600 мигранти пристигнале во Словенија во последните 24 часа, рекорд кој го надминува дури и бројот на мигранти регистрирани во Унгарија во најкризните моменти во септември, објави белгиската агенција DH.

slovenija-migranti

Според податоците на словенечката полиција, вкупно 34 131 мигранти влегле во Словенија од минатата сабота.

На 23 септември Унгарија, која тогаш ги затвори своите граници, забележа рекорден број мигранти кои пристигнале за еден ден – 10 046 лица.

- Реклама -