Јусеин Болт можеби е најбрзиот човек на планетава на две нозе, но тој не може да се натпреварува против овој човек. Кеничи Ито е дефинитивно најбрзиот човек на планетава кога се во прашање сите екстремитети.
Според Associated Press, Ито го соборил претходниот рекорд за 100 метри на сите четири екстремитети. Претходниот рекорд од 2008, кој исто така беше негово дело, беше 18,58 секунди додека новиот рекорд е неверојатни 17,47 секунди.