Поглаварот на Исламската верска заедница – реисот Сулејман Реџепи, е незадоволен што ИВЗ сѐ уште не добила одговор од владата и покрај тоа што испратила порака до вицепремиерот Бујар Османи – кој е координатор на кризните штабови, во која побарале ИВЗ да го добие својот дел од помошта.
Како што пренесува „Плусинфо“, во гостување во емисија на верска организација, Реџепи испратил уцена до владата и Османи, дека ако не ја добијат помошта, ИВЗ може да го повлече повикот до верниците за заштита од пандемијата:
„Ќе пуштиме пак барање, ако не ни одговорат знаеме како да ги потсетиме. Зошто не дај Боже ако ги повлечеме нашите повици за пандемијата…“, рекол Реџепи, пренесува порталот. Видеото ТУКА.