Реџепи верува дека Алтернатива ќе стане дел од Владата: „Интеграцијата на земјата во ЕУ е приоритет пред уривањето на власта“

Пратеникот и член на претседателството на Алтернатива – Скендер Реџепи, верува дека партијата ќе донесе одлука да биде дел од Владата затоа што, како што вели, интеграцијата на земјата во ЕУ е приоритет пред уривањето на власта.

„Начелно верувам дека Алтернатива ќе биде дел од Владата. Разликите во партијата се истопија и очекувам органите на партијата да донесат одлука за влез во Владата, но сепак ќе почекаме до конечната одлука. Интеграцијата на земјава во ЕУ е приоритет пред уривањето на Владата. Верувам дека предност ќе дадеме на евроинтеграциските процеси, како и на остварувањето на програмата на Алтернатива која им ја вети на граѓаните и на нашите избирачи“, истакнува Реџепи во изјава за „Слободен печат“.

Вели дека досега немало понуда за министерски места за Алтернатива и очекува сликата да биде појасна по средбата на двајцата лидери Зоран Заев и Африм Гаши, која според најавите, ќе се одржи утре.

Во однос на изјавата на генералниот секретар на Алијанса за Албанците – Арбен Таравари, дека во случај Алтернатива да влезе во Владата, доколку опозицијата создаде парламентарно мнозинство, тогаш Алтернатива пак ќе гласа за уривање на Владата, Реџепи со став дека ако Алтернатива одлучи да остане во Владата, тогаш тоа ќе биде до крајот на мандатот на Владата.

„Таравари сигурно мисли на Беса, а зборува за Алтернатива. Ние сме Алтернатива, не сме Беса. Ако Алтернатива одлучи да биде дел од власта тој договор ќе важи до крајот на мандатот на Владата“, нагласува Реџепи.

МИА

- Реклама -