Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива, партија која е дел од владејачкото мнозинство, во иднина ќе делува како независен пратеник.
Реџепи, како што објави ТВ 21, денеска упатил писмо до претседателот на Собранието Талат Џафери со кое го информира дека ќе делува надвор од пратеничката група на Алтернатива.
Во писмото тој наведува дека ќе дејствува како независен пратеник во Собранието, но не ги посочува причините за напуштањето на Алтернатива која стана дел од парламентарното мнозинство откако БЕСА излезе од владината коалиција.
МИА