Почитувани љубители на Формула 1 лудилото, како и фанови на тимот на Oracle Red Bull Racing, официјално Red Bull Pit Stop предизвикот пристигна во Македонија.
Почнувајќи од 6 август, на неколку бензински пумпи на Лукоил низ Македонија, посетителите ќе имаат шанса да постават нов рекорд во менување на пневматици на вистински Ф1 симулатор.
За најбрзите механичари следува уникатно Red Bull Racing искуство кое вклучува возење на модел Porsche 718 Cayman S на патеката Red Bull Ring, во Шпилберг, Австрија. За сите оние што сакаат да ги испробаат своите механичарски вештини на менување на пневматици на шасија од вистински Ф1 болид, со тежина од 720 кг, слободно може да посетат некоја од наведените локации во наведените термини и во тим од двајца да се обидат да го постигнат најбрзото време на целиот предизвик.
Учеството на Red Bull Pit Stop предизвикот ќе се движи според следниов распоред:
Лукоил Фолклор (9 до 11 август)
Лукоил Штип (12 и 13 август)
Лукоил Глумово (14 и 15 август)
Red Bull Pit Stop предизвиците започнуваат во 18 часот, а завршуваат во 22 часот.
Секој тим има една шанса за тренинг и максимум три обиди дневно!
Она што мора да се напомене е дека изминативе неколку дена интересот за Red Bull Pit Stop предизвикот на првиот пит стоп на турата – бензинската пумпа Лукоил во Влае, беше на завидно ниво и бројот на потенцијални идни Red Bull механичари кои ги испробаа своите вештини беше повеќе од задоволителен.
Покрај предизвиците во живо од бензинските пумпи на Лукоил, натпреварувачите имаат шанса преку Red Bull Pit Stop Challenge онлајн играта (играј тука) да освојат вредни награди и тоа:
I награда – Red Bull Racing ранец за првите 10 резултати
II награда – Red Bull Racing Max Verstappen капа за вторите 10 резултат
III награда – Max Verstappen Funko Pop играчка за третите 10 резултати.
За повеќе информации следете ја официјалната страна на Red Bull Македонија.