Речиси 7 милиони луѓе се жртви на загадениот воздух

Речиси 7 милиони лица починале во 2012 година поради загадувањето на воздухот, покажува новото истражување на Светската здравствена организација (СЗО).„Во целиот свет смртта на над 7 милиони луѓе е поврзана со влијанието на загадувањето на надворешниот и домашен воздух, а областите во Азија и Пацификот се најтешко погодени” со 5,9 милиони смртни случаи, посочуваат експертите на СЗО.

Овие бројки забележаа нагло зголемување во однос на претходната аналогна студија од 2008 година поради промената на методологијата и се „шокантни” според д-р Марија Неира директор на одделот за јавно здравство кон СЗО.

„Загадувањето на воздухот веќе е најголемиот фактор од животната средина кои влијае на здравјето. Сите се загрижени, независно од тоа дали станува збор за богатите  или за сиромашните земји”, додаде Неира.

Во 2012 година 3.7 милиони луѓе умреле од влијанието на надворешното загадување и 4,3 милиони – од домашниот загаден  воздух  или поточно од чадот и испарувањата од домашните апарати за греење. Во 2008 година СЗО забележа вкупно 3,2 милиони смртни случаи поврзани со загадувањето на воздухот, од кои 1,3 милиони поради надворешното загадување и 1.9 милиони – поради загадувањето на воздухот во станот.

- Реклама -