Еден погрешен потег во креветот може да го уништи секој обид за страт.Освен тоа, доколку не сакате да го убиете машкото либидо, избегнувајте ги слефните нешта.
Дали влезе?
Доколку не сте сигурни дали влегол или не, молчете. Пуштете го да го направи започнатото, па потоа размислете дали сте задоволни од она што ви се нуди во креветот и дали сте задоволни со тоа. Ако гласно го изустите тоа, можеби засекогаш ќе му го уништите егото.
Не се грижи, му се случуваше и на поранешниот
На секој маж му се случуваат проблеми во креветот понекогаш. Безразлика дали се работи за привремена ејакулација или е некој друг проблем во прашање, ниту еденм значи ниту еден маж не сака да биде спореден со вашиот бивши. Меѓудругото, како би се чувствувале вие кога тој би ве споредувал со сите девојки кој биле пред вас. Во креветот е забранета темата за старите љубовници.
Тоа е тоа?
Доколку мажот смета дека сте презгодни, преубави и се „пали“ на вас, голема е веројатноста се да заврши уште пред да кажете -секс. Меѓутоа, доколку тоа се случило веќе неколку пати, обидете се на поубав начин да му објасните дека „останувате со кратки ракави“, па да превземе нешто да ве заврши. Заборавете ги неумешните коментари.
Извини, повеќе би сакала да спијам
На луѓето понекогаш навистина не име дојдено до секс, но во тие ситуации партнерот заслужува објаснување бидејќи во спротивно ќе помисли дека нешто не е во ред со врската. Ни мажите не се секогаш расположени за секс, па не е тешко да сфатат за што се работи, само потребно е се да му објасните убаво и искрено.