Состојки:
55 ml течност од конзерва наут
25 мл сок од лимон
20 гр сенф
1/2 лажичка сол
255 мл масло
Рецепт:
За да го направите овој посен намаз, во сад ставете ја течноста од конзервата наут, сокот од лимон, сенфот и солта и кратко изматете со миксер.
Потоа во тенок млаз додајте го маслото, матејќи цело време додека не добиете текстура на мајонез. Чувајте го во фрижидер.