Рецепт за оревовача, лековит ликер од ореви стар 90 години

Лековитиот ликер од ореви ќе ви помогне при болести на желудникот и штитната жлезда.

Ви пренесуваме деведесет години стар испробан рецепт.

Зелените плодови од орев се берат во јуни, најчесто во втората половина на месецот, во зависност од климата.

Овој природен рецепт е идеален за зајакнување на имунитетот, особено во зимските месеци, а помага и при стомачни проблеми и анемија.

Младите ореви, иако се уште зелени, се богати со витамин Ц и јод и затоа се корисни за тироидната жлезда.

Состојки за ликер од ореви:

– 18 млади зелени ореви
– 1 кг шеќер (или уште подобро, мед)
– 2 литри домашна ракија
– 2 домашни лимони
– 1 портокал
– 2 чешниња
– 2 до 4 листови пелин
– 1 стапче цимет
– 1 мешунка од ванила
– 5 зрна кафе
– 1 ќесичка ванилин шеќер
– 1 литар бело вино

Подготовка на ликер од ореви:

Измијте ги оревите, исечете ги на половина или дури на четири дела.

Измијте ги лимонот и портокалите и исечете ги на кришки и додајте ги во тенџерето.

Во големо тенџере или пластична канта ставете ред ореви и посипете ги со половина од шеќерот.

Додадете лимон, портокал, каранфилче, пелин, цимет, ванила и зрна кафе и остатокот од оревите и шеќерот.

На крај сè прелијте со ракија и убаво измешајте и поклопете.

Садот чувајте го на сонце 40 дена, но секој ден по малку мешајте го за да се соединат состојките што подобро.

По 40 дена процедете ја смесата низ газа, додадете литар вино и ванилин шеќер.

Добиениот ликер сипете го во стаклени шишиња и чувајте ги на темно и ладно место.

- Реклама -