Ниту Барселона, ниту пак Реал не замислуваа ваков почеток на новата сезона. Иако Каталонците некако се извлекоа во Памплона нивниот главен ривал за освојување на титулата, Реал Мадрид, ниту во второто коло од новата сезона не забележа победа.
„Кралевите“ овој пат загубија од Гетафе со 2:1. Реал Мадрид поведе со голот на Игуаин во 21. минута, но играчите на Гетафе во второто полувреме успеаја да стигнат до пресврт и три бода. Стрелци за домашниот тим беа Валера во 53. минута и Абделазиз Барада во 75. минута.
{youtube}Uz_uaFjFzhU{/youtube}
Актуелниот шампион на Шпанија во првото коло играше без победник, 1:1, со Валенсија а потоа доживеа и неуспех во Суперкупот како гостин губејќи од Барселона со 2:3. Каталонците, пак, синоќа со двата погодоци на Лионел Меси во второто полувреме успеаја да дојдат до пресврт и победа над Осасуна.