Реал Мадрид против Панатинаикос за трофејот во кошаркарската Евролига

Реал Мадрид повторно е финалист во кошаркарската Евролига – совладувајќи го Олимпијакос, а во битката за трофејот ќе игра против уште една грчка екипа, Панатинаикос.

Во второто берлинско полуфинале, кое беше реприза на финалето од минатата сезона, Реал го синоќа го победи Олимпијакос со 87-76 (28-10, 28-27, 15-21, 16-18).
Реал е рекордер по бројот на титули во Евролигата. Единаесет пати беше на врвот на Европа, а уште девет пати играше во финалето. Олимпијакос со овој пораз остана на трите трофеи во својата историја.
Во неделното финале, Панатинаикос ќе ја брка седмата европска титула. Последниот трофеј го освои во 2011 година.
Сподели ја веста:

Извор