Во 1981 година, Роналд Реган држи говор во Западен Берлин, Германија, само околу два месеца откако преживеа обид за атентат при излегување од хотелот Хилтон во Вашингтон. Во еден момент во салата пука балон, а Реган за момент го прекинува говорот со едно ладнокрвно „Ме промаши“, проследено со овации од публиката.
А два месеца порано, на 30 март 1981 година, Реган и уште тројца беа застрелани и повредени од Џон Хинкли Џуниор. Реган беше погоден од куршум и заврши со скршено ребро, продупчен бел дроб и сериозно внатрешно крварење. Не му требаше долго за да закрепне, и физички, и ментално, како што може да се види од видеото.
Мотивот на атентаторот Хинкли, пак, беше да ја импресионира Џоди Фостер – актерката што ја глумеше малолетната проститутка во легендарниот филм „Taxi Driver“ со Роберт Де Ниро.
Еве како изгледаше обидот:
А еве каква улога одигра обезбедувањето од Тајната служба: