Сојузот на синдикати на Македонија денеска излезе со соопштение во кое реагира на изјавата на министерот за финансии, Фатмир Бесими, вработените да почекаат на зголемување на платите до 2024 година. ССМ оцени дека
Неразумна е изјавата на министерот за финансии Фатмир Бесими дека ако сега се зголемат платите на работниците, тоа ќе има импликации на инфлацијата, реагираат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ.
„Оценката на министерот дека дијалогот во Економско социјалниот совет за зголемување на платите ќе потрае и дека побрзо ќе се утврди методологијата за плати во јавен сектор (онаа против која се сите синдикати) со која ќе се стави ред во платите во јавниот сектор, ќе остане само негова пуста желба. До кога Владата ќе глуми социјален дијалог, до кога владините претставници ќе зборуваат едно на ЕСС, а друго по медиумите, и дали некогаш ќе се засрамат за тоа што си ги зголемија платите за 78 отсто во најголемата инфлација, а со ништо не заслужија такво зголемување“, се вели во реакцијата на ССМ.
Имаат ли функционерите совест кога велат дека дека ако се зголемат платите на работниците ќе се покачи инфлацијата, додека истовремено 1.100 од нив си ги покачија примањата?, прашува ССМ.
„До кога со ваквите политики на Владата? Работниците ќе немаат ниту за леб туку за трошки, а функционерите за торта и колачи. И до кога работниците ќе ги толерираат ваквите функционери!? Нема друга држава во Европа и во светот каде што функционерите си ги зголемиле нивните плати за 78 отсто, а единствено зголемување за работниците е само работното време и тоа за 78 отсто“, се вели во соопштението.
ССМ апелира работниците масовно да се придружат на активностите на синдикатите во наредниот период, наведувајќи дека „само заедно можеме да се избориме за нашите работнички права!“.