Македонската пејачка Тамара Тодевска при исполнувањето на химната вчера во американската амбасада ги пропушти стиховите во кои се споменуваат имињата на Гоце Делчев, Питу Гули и Јане Сандански. Според владата на Северна Македонија, станува збор за „ненамерна грешка“, пренесуваат денес бугарските медиуми, повикувајќи се на „Слободен печат“. Тие исто така потсетија и дека во интере на времето, според официјалното објаснување од владата, не била интонирана химната при пречекот на Ципрас.
Изведбата на Тамара, иако ни приближно како во домашната јавност, ги разбранува и бугарските друштвени мрежи. Под веста објавена од DNES.bg, на пример, бугарските читатели со потсмешлив тон оставаат нaвpeдливи коментари за „вештачката македонска нација“, за потеклото на Гоце Делчев, но и за интелектуалните способности на Тамара. Следуваат дел од коментарите:
• „Се сетија дека Гоце Делчев и Јане Сандански се бугари и нема како да го докажат обратното, глyпите карикатури. Целиот македонизам е цинизам“
• „Што очекувате од држава чие национално знаме личи на пешкир за на плажа?“
• „Како тоа ненамерно се испуштаат делови од химна?… Боже, собери си ги вересиите… тие се како деца од 1-во одделение“
• „во Една Бугарија може да има само една химна. Тоа е исто како да речам дека има Тракиска или Добруџанска или Cтранџанска химна. Македонија е дел од Мајка Бугарија“
• „Многу глyпа химна, брат“
• „Гоце Делчев е бугарин, затоа го пропуштила. Не дека Питу Гули и Јане Сандански не се бугари, но аок се има предвид дека Питу Гули е влав, него може да го остават во химната. Требало да го испушти и Јане Сандански. Да ја потсетам за следниот пат. Иначе и македонците се бугари…“
• „Никој не им забранил да споменуваат кој и да било Бугарин во химната. Нема ни да им забрануваме“
• „Гоце Делчев, Јане Сандански и Даме Груев се бугари, Питу Гули е влав. Cквеpнавeње е имињата да им бидат во химна на измислената држава Македоноленд“
• „Е како од три строфи ненамерно да ја пропушти половината на вториот… Каков идиoтизaм, пејачка да не си ја знае химната. Кpeтенcко објаснување, знае и сама. Туку сакале да ја преќутат, па ја ‘заборавиле’“
• „Кога бев во војска секој требаше да си ја запише химната во тефтерче, за да се избегнат такви грешки“
• „Што се занимавате со тие кекавци? За 20 години албанците ги пpeoвладаа“
• „Јас ова го разбирам како САД да им се извинува на карикатурите за допуштената грешка кон македонските херои. Значи САД го признаваат Гоце Делчев за македонец и борец за македонските традиции. Тоа не ли ни кажува дека ‘Еј, ***, вие веќе сте ни во џебот, но треба да ја лапнеме и СМ (Северна Македонија) и ќе признаеме сè што треба да за ги втepaме во НАТО и да собираме 2% БДП и од СМ’?“
• „Македонска нација нема. Има Бугари, има Албанци, има Грци, има Срби. Нека научат што се. Тито ги направи Македонци, иcклa 17.000 Бугари за една ноќ. Македонија треба да биде обединета со мајка Бугарија“
• „Ако од химна со 3 строфи пропуштила една ненамерно, тогаш не е многу паметна, а искрено се сомневам, зашто пејачите имаат добра меморија“
• „Стиховите со имињата на Делчев и Сандански не се ‘испуштени’, туку едноставно заменети со други стихови. Така што, не може да стане ни збор за случајност“
• „Строфата со Груев, Делчев, Гули, Сандански, ќе биде и официјално исфрлена“
• „Путин им ја xaкнал химната, благодарение на Путин ќе си го вратиме Гоце Делчев“, коментираат бугарските читатели.