Иако Макфест заврши викендов, реакциите околу најголемиот музички поп фестивал во земјава, многу полека спласнуваат.
Социјалните мрежи „се поплавија“ од коментари, по фестивалот дека ги фацинирал настапот на Тамара Тодевска, а и „Трачарка“ доби неколку писма, дека ова е песната која што била морален победник.
„ Стварно не ми е јасно како не победи Тамара уште не ми е јасно, пишете нешто за тоа“, Лиде.
„ Драга Трачарка, гледам дека имате анкети, ставете која песна е подобра на Тамара или на Биба Додева, мислам дека Тамара ќе победи “, Маја.
Ова е дел од реакциите кои што беа упатени до редакцијата на „Трачарка“.
Ставот на „Трачарка“ на оваа тема е дека песната на Тамара и победничката песна на Биба Додева се дотолку различни, а истовремено прекрасни што веруваме дека постојат многу поделени мислиња и навистина е прашање на вкусови. Биба Додева е фантастичен пејач, кој што долго време постои на естрадата, па сигурно со тоа има и голем број на фанови кои безрезервно ја поддржуваат и гласаат. Но, конкретно за Тамара, ова е дефинитивно една од најубавите нејзини песни досега, но и фантастичен изглед… Стил, песна, глас – погодок!
Уживајте:
Во продолжение да се потсетиме и на песната од ланскиот Скопски фестивал, кога за „влакно“ и избега победата.