Реакција за претставата на Малковиќ и од бугарската дијаспора: Таа е навреда за бугарската меморија

За поставувањето на претставата „Раце и човек“ на Бернард Шо под режисерската палка на Џон Малковиќ, на сцената на Народниот театар „Иван Везов“, реагираа и Бугарите во дијаспората.

Т.н. македонско-бугарската фондација „Гоце Делчев“ испрати писмо до директорот на театарот Васил Василев, чиј примерок е достапен на БГНЕС. Во него пишува дека „сместувањето на оваа претстава во рамките на денешното надворешно политичко опкружување е форма на културна навреда на бугарската колективна меморија на сосема неприфатлив начин“.

Во писмото се обрнува внимание и на ситуацијата на Балканот, каде што во некои земји сличен тип на претстави даваат основа за антибугарска политика. „Во еден ваков меѓународен амбиент, сигурни сме дека и да има уметнички димензии и атрибути наведената претстава, тие нема да бидат разбрани и ценети, туку повторно ќе бидат искористени од сили надвор од нашето општество, за да сеат омраза и поделби меѓу нас. и меѓу нашите европски партнери и пријатели“, нагласуваат од фондацијата.

Драмата на Бернард Шо беше повлечена од сцената во Виена и Берлин по протестите на бугарските студенти. Самиот автор има многу контроверзна биографија поради неговата поддршка за сталинистичкиот терор во 1930-тите, кога загинаа милиони советски граѓани.

- Реклама -