И пречеше тоа што многу работам, но мене ми сметаше што сакаше да ми одредува и со кого да соработувам, вели познатиот фолкер за својот развод.
– Сигурно сето тоа беше со најдобра намера, но Соња не можеше да сфати дека во естрадата главна фокусна точка за соработка се парите и дека тука нема место за емоции и лични потреби- вели Аца Лукас за српскиот „Blic“.
Од друга страна, извор близок на Соња Вуксановиќ вели:
– Таа се уште го сака Аца, но неа и стана многу тешко да го следи неговиот начин на живот. Тој вети дека ќе има повеќе време да помине со семејството, но верувањето не е исполнето. Откако таа и Аца одлучија да стават крај на брако, Соња престојува во Диселдорф со ќерките Софија и Викторија.
Депресијата се обидува да ја потисне со шопинг и излегувања и не сака пред јавноста да покаже дека е скршена бидејќи до скоро велеше дека има складен брак, па на Инстаграм објави фотографии на кои е насмеана.