По констатираните неправилности од Управата за извршување на санкции во работењето на КПУ Затвор „Скопје“, разрешен е директорот на затворот, Филип Андов. На негово место назначен е Бобан Утковски за в.д. директор на КПД Затвор – Скопје, информираат од Владата на Република Северна Македонија.
Одлуката следува по вонредниот надзор во Затворот „Скопје“ каде што, како што информираше тогаш директорот на Управата, Александар Пандов, е констатирано дека списокот со затвореници што го добиле од полицијата не кореспондирала со фактичката состојба која ја затекнале.
Владата на денешната редовна седница донесе повеќе одлуки и решенија и на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции именуваше повеќе директори.
За в.д. заменик на директорот на КПД Идризово со отворено одделение во Велес е именуван Ибрахим Ељези, додека, Дејанчо Здравков е именуван за в.д. директор на КПУ Затвор Штип.
Ѓорги Хубрев е именуван за в.д. заменик на директорот на КПУ Затвор Штип, а Емил Јанески е именуван за в.д. директор на КПД Прилеп.
На предлог на директорот на Управата за извршување на санкции Диме Наумчески е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД Прилеп, а Ардит Мустафаи за в.д. директор на КПД од отворен вид Струга.
Александар Мојсов е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД од отворен вид Струга, додека Александар Јовковски за в.д. директор на КПД Затвор Битола.
За в.д. директор на КПД Затвор Гевгелија е именувана Слаѓана Стаменковска, а Оливер Цветковски е именувана за в.д. директор на КПУ Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка.
Хамид Алитовиќ е именуван за в.д. заменик на директорот на КПУ Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка, додека Климент Софковски за в.д. директор на КПД Затвор Охрид.
Мите Костески на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД Затвор Охрид, а Зоран Ристов за в.д. директор на КПД Затвор Струмица.
Игор Додевски е именуван за в.д. заменик на директорот на Казнено поправна установа Затвор Тетово, а Бране Стојчески за в.д. директор на ВПУ Воспитно – поправен дом Тетово.